Насловна / Вести / Во подготовка е електрично Bentley

Во подготовка е електрично Bentley

Компанијата Bentley Motors од Велика Британија, која произведува луксузни автомобили, најавува дека нивното прво возило на батерии би требало да излезе од производните хали во 2025 година. Имено, оваа компанија со долга и славна историја, открива дека ќе вложи 2,5 милијарди фунти во одржливост во текот на следните 10 години, и дека првиот електричен автомобил од овој бренд ќе го развива и произведе токму во Велика Британија. Тоа е клучен чекор на стратегијата Beyond100, со која Bentley сака да биде производител на електрични автомобили и да постигне јаглеродна неутралност до 2030 година.

bentley1

Beyond100 е најхрабриот план во историјата на Bentley. Тоа е амбициозен и веродостоен патоказ за јаглеродна неутралност на нашиот деловен систем, вклучувајќи и целосен премин кон електрични возила во само осум години”, рекол Adrian Hallmark, претседател и извршен директор на Bentley Motors.

bentley2

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top