Во Подгорица, од 29-ти септември до 4-ти октомври, одржан е Балкански самит за реките. Над сто стручњаци за заштита на реките, научници и активисти се собрале со цел да укажат на значењето на реките во регионот, да искажат противење на поставувањето нa брани и да ги повикаат властите и компаниите да престанат да вршат репресија над заштитниците на животната средина.
Балканскиот самит за реките е дел од кампањата „Да го сочуваме синото срце на Европа“ (Save the Blue Heart of Europe). Го одржале организациите за заштита на природата EuroNatur и Riverwatch со Црногорското друштво на еколози (CDE) и иницијативата „Да ја сочуваме Комарница“. Пoвеќе од една деценија EuroNatur и Riverwatch работат заедно со балканските партнери на заштита на реките во регионот од разни закани, а посебно од хидроенергетските проекти.