Насловна / Вести / Во пентахаусот на Роберт де Ниро во шармантниот кварт TriBeCa

Во пентахаусот на Роберт де Ниро во шармантниот кварт TriBeCa

Во шармантниот кварт TriBeCa, кој гордо го носи своето индустриско минато, високо над Њујорк, гледа на градот кој се простира пред него од врвот на елегантниот хотел  Greenwich сместен е пентхаус со великодушни пропорции. И тоа е она што Роберт Де Ниро го нарекува дом.

1

Апартманот од 6.800 квадратни метри е инспириран од индустриското минато наквартот TriBeCa споено со древната јапонска естетика на Ваби.

6

Пентхаусот од 6.800 квадратни метри е на врвот хотелот во кој Де Ниро има партнерство. Проектиран од познатиот белгиски дизајнер Аксел Верворд и јапонскиот архитект Татцуро Мики, пентхаусот има естетика што се потпира на традиционалниот јапонски концепт на Ваби – кој се врти околу идејата да се истакне убавината на несовршеноста. Влијанијата од соседството се гледаат во употребата на скромни материјали за создавање елегантни, безвременски простори. „Индустрискиот третман на горниот дел е во совршена хармонија со зградата подолу“, вели Верворд за сеопфатната естетика. Цел која е постигната со придржување на локална палета, вклучувајќи камен и обновено дрво.

12

9

Дизајнот на ентериерот ги вклучува филозофските уверувања на Ваби: убавината се наоѓа во несовршеноста и автентичноста; Артемпо – каде што времето станува уметност; а сиромашни материјали се богати со дух.

7

„Сакавме да го изразиме карактерот на TriBeCa на најскромен начин. Бидејќи архитектурата е толку едноставна, колку што припаѓа на минатото, толку припаѓа и на иднината“, вели Верворд.

5

2.800 квадратни метри од овој апартман содржат дневни соби, главен апартман и две спални соби, две и пол бањи и кујна за професионален готвач. Остатокот од 4.000 квадратни метри се распоредени на простран надворешен дел распространет на две бујни тераси; една која се граничи со големата дневна соба и долна тераса, до која се пристапува од дневната соба и спалните соби. Сепак, горната тераса, со својата надворешна трпезарија и спа базен, нуди поглед од првиот ред на Менхетен.

2

13

11

3

8

4

Испрати коментар

Scroll To Top