Во септември 2015-та, на 60 километри јужно од Пекинг започна изградбата на најголемиот аеродром во светот. Денес, година и пол подоцна, работите се 50% комплетирани, а се очекува целосно завршување до 2019 година, кога аеродромот „Морска ѕвезда“ со шест карактеристични краци треба да биде отворен за сообраќај. Проектот е дело на Zaha Hadid Architects. Во почетокот капацитетот е проектиран на 45 милиони патници годишно, со можност веќе во следната реконструкција тој број да достигне 100 милиони.
Денес Кина е светски рекордер по бројот на аеродроми. Во 2006 година имала 140 аеродроми, а во меѓувреме се изградени уште 60 нови. Според плановите на Владата, до 2025 г. треба да се изградат уште 124 нови аеродроми.
„Во просек изградбата на аеродром трае две-три години. Само во случај на исклучително големи и важни аеродроми, рокот за изградба е подолг, како што е во овој случај. Затоа е предвидено време од четири години“, вели архитектот Фанг Ченг од студиото на Заха Хадид.