Градоначалничката на Париз Ан Идалго и министерот за правда на Франција, минатиот месец присуствуваа на свеченото одбележување на почетокот на работите за изградба на новиот судски комплекс во срцето на квартот Batignolles.
Благодарение на овој проект, различните ентитети од францускиот судски систем ќе се сместат во една единствена зграда. Во новата Палата на правдата ќе бидат лоцирани локалните судови за сите 20 градски арондисмани, регионалниот париски суд, како и јавното обвинителство и седиштето на судската полиција.
Објектот е дело на архитектот Ренцо Пијано, има површина од 88.500 метри квадратни и височина од 160 метри. Вкупната инвестиција се проценува на 700 милиони евра, а комплексот целосно ќе биде готов во јуни 2017 година.