Насловна / Архитектура / Во Париз се гради станбен блок прекриен со билки

Во Париз се гради станбен блок прекриен со билки

pariz-kula-so-bilki6

Станбената кула со зелена фасада во Париз, која е проектирана од локалната фирма Maison Edouard François, е специфична по тоа што фасадата содржи билки и, меѓу другото, има за цел да овозможи расејување на нивното семе низ градот.

pariz-kula-so-bilki1

Компанијата Maison Edouard François го проектира т.н. „M6B2 Tower of Biodiversity“ за да покаже дека и висококатниците можат да користат во создавањето на еколошки градови со многу растителни видови.

pariz-kula-so-bilki

Кулата е висока 50 метри, има 16 ката и фасада со двоен слој. Надворешниот слој е направен од мрежа од нерѓосувачки челик која има улога на рамка по која можат да ползат билките. Поради решеткастата ограда билките се изложени на ветер, кој овозможува ширење на семињата низ градот. Внатрешниот слој е прекриен со рециклирани титаниумски зелени панели, кои светат под влијание на сонцето.

pariz-kula-so-bilki5

Неговата зелена боја треба да асоцира на мов. Мрежата се протега и преку покривот на зградата каде се наоѓа прекрасна градина. Целиот комплекс, освен кулата, го сочинуваат и три помали станбени згради, расадник и продажен центар за билките и јавен парк помеѓу нив. Се планира во наредните години да се посадат четинари и дабови дрвја.

pariz-kula-so-bilki4 pariz-kula-so-bilki3 pariz-kula-so-bilki2

 

 

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top