Насловна / Вести / Во Париз прогласен портокалов метеоаларм

Во Париз прогласен портокалов метеоаларм

Париз најверојатно ќе го надмине рекордот од 1947. година кога се измерени 40 степени Целзиусови. Во Франција е прогласен портокалов метеоаларм за голем дел на територијата на северот на земјата, но и во престолнината. Станува збор за нетипична ситуација, бидејќи температурата во Париз ретко кога преминала преку 30 степени Целзиусови.

pariz1
На метро станиците бесплатно се дели вода, насекаде има предупредувања и упатства како да се хидрира организмот. Секој се разладува на свој начин, а околу Сена поистои и париска плажа на која не може да се капете, но и тамо луѓето се разладуваат.

FRANCE-WEATHER-TOURISM-FEATURE
Западна Европа оваа недела ја очекува нов топол бран. МетеоФранс соопшти дека температурата во Париз би можела да ги премине рекордните 40.4 степени Целзиусови забележани во 1947. година.
Високата температура не го намалила бројот на туристите.

Испрати коментар

Scroll To Top