Насловна / Вести / Во овој град се прават фудбалските топки: Al Rihla, топката во Катар е најбрза (ВИДЕО)

Во овој град се прават фудбалските топки: Al Rihla, топката во Катар е најбрза (ВИДЕО)

Сијалкот, град во северен Пакистан, произведува околу 70 отсто од фудбалските топки во светот – вклучувајќи го и моделот на Адидас Al Rihla, официјалната топка на Светското првенство на ФИФА, кое моментално се игра во Катар.

Ако имате барем една фудбалска топка во вашиот дом, големи се шансите таа да е произведена во пакистанскиот град Сијалкот. Дури осум отсто од населението на Пакистан, односно околу 60.000 луѓе работат во производство на фудбалски топки.

Ова вклучува часови и часови работа бидејќи повеќе од 80 отсто од фудбалските топки направени во Сијалкот се шијат рачно – еден по еден панел. Просечната фудбалска топка се состои од 32 панели. Шиењето е макотрпен процес што ја прави топката поиздржлива и и дава подобра аеродинамика бидејќи шавовите се подлабоки од оние што ги прави машината за шиење.

al2

КАКО СЕ ПРАВАТ ФУДБАЛСКИТЕ ТОПКИ

Топките ги шијат воглавном жени. Просечниот ден во шивалната во Anwar Khawaja Industries, еден од производителите на топки, изгледа така што жената доаѓа на работа, да сошие две топки, се враќа дома да зготви ручек, а потоа се враќа на работа попладне и продолжува да работи.

Мажите исто така учествуваат во процесот на производство. Тие се задолжени за подготовка на материјалот и тестирање на квалитетот. Инаку, се до 1997 година, додека не се смени законот, фабриките во Сијалкот вработуваа и деца од пет години заедно со нивните родители.

al3

Anwar Khawaja Industries им плаќа на своите шивачи околу 160 рупи (0,75 евра) по топка. За една топка потребни се околу три часа, што значи дека едно лице може да произведе три топки во еден ден. Кројачите заработуваат во просек по 9.600 рупии (околу 113 евра) месечно. Дури и за сиромашен регион, платите се ниски. Потрошувачката кошничка во Сијалкот е околу 20.000 рупи месечно, пишува Bloomberg.

al1

Просечната фудбалска топка се состои од 20 шестоаголни и 12 пентагонални панели, меѓусебно поврзани со 690 шавови. Меѓутоа, сè повеќе топки денес се составуваат со врел лепак, а процесот се нарекува термо лепење.  Таквите топки го задржуваат квалитетот, поевтини се за производство, но поскапи за транспорт. За разлика од шиените топки, топките со лепак не можат да се издишат.

Кога топката е готова, мора да помине ригорозно тестирање за да ги исполни стандардите на ФИФА. Секоја година ширум светот се купуваат околу 40 милиони топки, а годинава се очекува таа бројка да биде поголема поради Светското првенство.

AL RIHLA – НАЈБРЗАТА ТОПКА КОРИСТЕНА НА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО

За разлика од традиционалните топки кои се состојат од 32 панели, Al Rihla има само 20 панели – осум мали триаголници со приближно еднакви страни, и 12 еднокраки триаголници во облик како корнет за сладолед.

Наместо текстури кои ја зголемуваат грубоста на површината на топката, Al Rihla има релативно мазна површина во споредба со своите претходници, според Conversation.

al0

Шавовите се пошироки и подлабоки, па може да се заклучи дека производителите учат од сопствените грешки. Да се ​​потсетиме на Џабулани (Jabulani) моделот на Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година. Оваа топка имаше најплитки и најкратки шавови, а играчите не беа задоволни и сметаа дека е бавна.

Al Rihla на арапски значи „патување“.

Секоја нова топка ќе се соочи со негативни коментари, но науката покажува дека Al Rihla би требало да ги освои симпатиите на играчите на овогодинешното Светското првенство.

al

ИСТОРИЈА НА ТОПКИТЕ НА СВЕТСКОТО ФУДБАЛСКО ПРВЕНСТВО

Адидас произведува топки за Светското првенство од 1970 година. До 2002 година, секоја топка имаше 32 панели. Новата ера на топки започна во 2006 година на Светското првенство во Германија. Моделот Teamgesit се состоеше од 14 мазни, синтетички панели кои беа термички споени, наместо зашиени. Ова спречува водата да навлезе во внатрешноста на топката за време на дождливи и влажни денови.

Новите топки направени од нови материјали и со помал број панели го промениле начинот на кој топката се движи низ воздухот. На последните три светски првенства, Адидас се обиде да го балансира бројот на панели, шавовите и текстурата на топките да имаат соодветна аеродинамика.

Погоре споменатата топка Џабулани имаше осум панели, но не доби позитивни критики бидејќи беше значително побавна.

Топките за СП во Бразил 2014 (Brazuca) и во Русија 2018 (Telstar 18) имаа по шест панели со необична форма. Иако имаа различни површински текстури, тие имаа слична вкупна грубост на површината и со самото тоа слични аеродинамички својства. И двата модели генерално им се допаднаа на играчите.

Al Rihla, топката на Мундијалот во Катар, засега ги задоволи критериумите и ги освои симпатиите на играчите и публиката.

Испрати коментар

Scroll To Top