Стигнува уште една лоша вест за сопствениците на дизел возилата. Имено, три европски градови ги забрануваат и дизелашите со еуро 6 стандард. Стандардот еуро 6 за дизел возилата би требало да гарантира одредено дозволено односно гранично ниво на емисии. Но, со стапувањето на сила на новиот протокол за тестирање на моторите со внатрешно согорување – WLTP, се покажало дека дизел моторите имаат значително повисок просек на емисии. Мадрид, Париз и Брисел одлучија да направат дополнителни рестрикции и врз оваа категорија возила, и побараа заштита пред Европскиот суд. Судот одлучи во нивна корист, па сега имаат можност да ги забранат за сообраќај сите дизел возила регистрирани пред септември 2018, а за кои е потврдено дека имаат емисии на NOx повисоки од 0.08 g/km.