Името на берберницата е Blind Barber и се наоѓа во американскиот град Чикаго. Се работи за одличен концепт на дизајнерска берберница, која не е само тоа кога ќе падне мрак, туку таа добива своја „екстензија“ во форма на lounge-бар.
Така сите корисници на оваа берберница уредена во индустриски стил, знаат дека таму можат да се релаксираат со добар коктел и да се дружат со другите верни посетители на овој веќе препознатлив проект во Чикаго.
Како што самите сопственици велат, услугите за бричење се исто толку добри како и квалитетните пијалаци, поточно коктелите кои служат во нивниот супер кул бар, кој е инкогнито сместен само неколку чекори подалеку.