Насловна / Вести / Во отсуство на градоначалникот и Струга изгласа мораториум за градби

Во отсуство на градоначалникот и Струга изгласа мораториум за градби

Во отсуство на градоначалникот Рамиз Мерко, советот на Општина Струга, вчера, изгласа мораториум за градба и го усвои Aкцискиот план за преземање активности за зачувување на статусот на заштитено природно и културно наследство од УНЕСКО на регионот околу Охридското Езеро.
Акцискиот план на Општина Струга, меѓу другото, предвидува дислокација на дивата градска депонија до 2020 година и уривање на сите дивоградби до 2021 година.

струга
И покрај тоа што од општина Струга потенцираа дека мал е бројот на дивоградби советниците тврдат дека градежната инспекција има донесено илјадници решенија за отстранување на бесправно изградените објекти.
Претходно Акциски план и мораториум за градба донесе и советото на Општина Охрид.
Останува сега двете општини согласно усвоените акти и предвидената динамика во нив, да преземат и конкретна акција за исполнување на условите за зачувување на универзалните вредности на Охридскиот регион, кој е единственото подрачје во земјата под заштита на УНЕСКО. Рок да ги испорачаат првите резултати општините заедно со државата имаат до февруари 2020 година.

1111

Испрати коментар

Scroll To Top