Според официјалните статистики, само една особа смртно настрадала во сообраќајна несреќа во 2019 година во престолнината на Норвешка. За прв пат, не настрадало смртно во сообраќајка ниту едно дете помладо од 16 години во цела Норвешка во 2019. година, пишува Independent.
Податоците на норвешката управа за патишта покажуваат дека во изминатите 50 години бројот на жртви на градските патишта драстично е намален од 41 настрадани во 1975. година. Норвешка во 2017. година забележала најмал број настрадани во сообраќај во Европа, со 20 сообраќајни несреќи на милион жители.
Стратегија Vision Zero
Во 2002. година, норвешката влада како дел од својата национална стратегија во сообраќајот за 2018-2029 вовела Vision Zero, со цел да се воспостави сообраќаен систем во кој никој нема да загине или биде тешко повреден.
Ниската стапка на смртност во сообраќајот Норвешка ја постигнала намалувајќи ја брзината на сообраќајниците и со зголемување на безбедносните карактеристики на тешките возила.
Во Осло, градската управа вовела ограничувања во градските зони, особено во центарот и почнала да воспоставува добро поврзани патеки за велосипеди, со што го поттикнала населението за превоз да користи точаци.
Еден од најзначајните потези на официјалните лица на Осло бил да ги ограничат возилата во центарот и го зголемат надоместокот за влез и паркирање околу централното градско јадро. Наплатата пораснала во 2017. година , бидејќи градот отстранил 700 паркинг места и ги заменил со 37 километри патеки за велосипеди и џебни паркови. Забраната за центарот на градот стапила на сила на почеток на 2019. година и покрај загриженоста како ќе функционира, но набрзо, после шест месеци, станала модел за другите светски метрополи.
Не успеал само Осло да ги намали фаталните несреќи. Целата држава со население од 5.3 милиона доживеала само 110 смртни сообраќајни несреќи, што е четири пати помалку од 1985. година, кога на патиштата 482 луѓе го изгубиле животот.
Норвешките власти го припишуваат успехот на интензивниот фокус на безбедноста на патиштата на различните влади, без оглед на нивната политичка припадност.
Патиштата во земјата се побезбедни иако на нив има повеќе возила. Норвежаните поседувале 2,75 милиони патнички автомобили во 2018 година и 148,000 нови автомобили биле продадени во земјата истата година, што е скоро 50 отсто зголемување во однос на 2009 година, кога биле продадени 99.000 автомобили.
Но, Осло се движи кон иднина без автомобили. Градот се надева дека двојно ќе го зголеми бројот на луѓе што користат велосипед на 16 отсто до 2025 година и ќе ги намали емисиите на гасови за 95 отсто од нивото во 1990 година до 2030 година.