Насловна / Архитектура / Во Осло ќе се гради фјордариум

Во Осло ќе се гради фјордариум

Haptic Architects и Oslo Works планираат напуштен паркинг во близина на центарот на Осло да го претворат во туристичка атракција. Намерата им е да направат фјордариум и да им овозможат на посетителите увид во морскиот свет во фјордот.

1

Fornebu Brygge ќе има 45.000 квадратни метри и ќе биде сместен долж брегот со средиште околу фјордариумот во кој ќе има повеќе подводни галерии и ќе биде проектираан да издржи плимни струи. Комплексот ќе содржи и поморски центар, центар за спортови на вода, ресторани и кафулиња, како и нов терминал за траекти и парк.

2

Авторите наведуваат дека при проектирањето на зградата на фјордариумот се внимавало на најдобар начин да се зачува морската биолошка разновидност под вода, но и покрај брегот. Зградата ќе може да ги издржи брановите и струите на фјордот, но и да внесе светлина под површината на морето.

3

Овој проект ќе овозможи единствено проучување на Ослофјорд со цел да се изнајдат решенија за негово чистење од земјоделски отпад.

Објектите на копно воглавном ќе бидат изградени од дрво, но се споменува и можноста за употреба на јаглеродно неутрален бетон. За конструктивни и неконструктивни компоненти, се разгледува опцијата за повторна употреба на челик од нафтени платформи, бродови и цевководи.

4

Авторите наведуваат дека ќе се користи енергија од обновливи извори, но засега нема подетални информации.

Се планира развој на целата оваа област. Ќе се гради станбен кварт, деловни згради, културни објекти, како и метро линија.

Испрати коментар

Scroll To Top