На 27.10.2023 во хотелот Александар Палас се одржа Autodesk BIM (Building Information Modeling) Brunch – деловен networking настан во организација на Smart Solutions Macedonia како единствен и официјален авторизиран партнер на Autodesk во Македонија и TD SYNNEX Autodesk VAD Adriatic – регионален дистрибутер на Autodesk.
Во одбран круг професионалци од областа на градежништвото и архитектурата се собраа триесеттина компании претставени на менаџерско ниво со што имаше поблиска и поопуштена атмосфера каде се споделуваа искуства и предизвици на тема BIM и Autodesk Revit, односно новиот начин на работа воведувајќи го BIM процесот како и новите алатки во нивното работење.
Предавач и главен модератор на дискусијата беше Ларс Обервинтер од Пландата, Виена, архитект со долгогодишно искуство во имплементација и примена на BIM заедно со неговите колеги архитект Гоце Чавкоски и архитектката Марија Чавкоска а им се придружија и наши локални експерти исто така со големо искуство од оваа област: Димитар Хаџиев, архитект (New Vision/ Молиор), Трајче Стојанов, архитект (Semos Education), Зоран Симјановски, дипломиран машински инженер (Cadonia) и Никола Нисев, дипломиран градежен инженер (Докторанд и соработник на Градежен факултет Скопје и еден од основачите на НИТЕН ИНЖЕНЕРИНГ).