Проектот „Ривиера центар“ со вкупна вредност проценета над 120 милиони евра е претставен денес во Опатија, Хрватска.Тој ќе се наоѓа во пределот Кук во Опатија, а ќе го реализираат австриски инвеститори.
„Ривиера центар“ ќе има уникатна положба и поглед на Кварнерскиот залив, а ќе се вклопи во локалната и медитеранската околина. Освен трговски центар, ќе има хотел, здравствен центар, деловен простор, гаражи, ресторани, игралишта и друго. Ќе биде изграден на површина од околу 120 илјади квадратни метри и ќе има пет ката.
Во моментов проектот е во фаза на планирање. Добиени се првите дозволи и се очекува да биде завршен за две години.