Фестивалот Zagreb Open House е замислен како промоција на најатрактивните архитектонски дела во Загреб и средба на граѓаните со архитекти, градежници, инвеститори и сопственици на објекти. Фестивалот поттикнува размислување за вредностите на градот и улогата на жителите во неговото создавање и ги поттикнува да се залагаат за добро обмислена, планирано изградена средина. Ова вклучува размислувања за тоа како архитектурата се справува со еколошката, социјалната и економската одржливост.
Фестивалите Open House ширум светот се фокусирани на претставување на урбаните пејзажи повеќе од три децении. Првиот фестивал Open House се одржа во 1992 година во Лондон, а мрежата Open House Worldwide денес сочинува 54 големи светски градови како Копенхаген, Њујорк, Атина, Лисабон, Прага, Виена… Настаните на Open House во светот се посетуваат од речиси милион луѓе годишно, а евидентирани се два милиони посети на објектите, што ги следат околу 18.000 волонтери, главно студенти и граѓани, кои со својот придонес го прават Фестивалот повидлив. Сите програми се бесплатни и вклучуваат голем ангажман на организаторите и волонтерите.
По исклучително успешната прва сезона на фестивалот Open House Zagreb во 2023 година, кога беа презентирани 35 јавни и приватни објекти, од културни и здравствени установи, верски објекти, училишта, градинки, паркови, станбени згради, аеродром, банки, апартмани, студија, првиот фестивал Open House Zagreb низ 75 термини им овозможи средби на 1.400 посетители.
Оваа година Open House Zagreb ќе се одржи од 18. до 20.октомври. Планот на организаторите е да се зголеми бројот на објекти, но и тематски да се обединат.
На посетителите ќе им се претстават 40 објекти групирани во четири теми:
- РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА АРХИТЕКТОНСКОТО НАСЛЕДСТВО – со цел да се искористи можноста за обнова на многу објекти во Загреб по земјотресот и да се запознаат граѓаните и туристите со специфичниот процес на реставрација на повеќето објекти од наследство, но и реновирања кои не се поврзани со земјотресот.
- ВИКТОР КОВАЧИЌ – со два значајни јубилеи: 150 години од раѓањето и 100 години од смртта на големиот хрватски архитект кој е прогласен и за татко на модерната хрватска архитектура.
- УРБАНИ ЦЕЛИНИ – во кои ќе се претстават некои од деловите на градот кои привлекуваат големо внимание на туристите и граѓаните.
4. СРЕДБИ СО АРХИТЕКТ
Во рамките на фестивалот ќе се организираат и неколку разговори со значајни архитекти кои одбележаале одредени епохи – Хилдегард Ауф-Франиќ, Бранко Силаѓин и Милан Шостерич, кои директно ќе се осврнат на нивните дела, а со овие разговори ќе им се овозможи на граѓаните и туристите уште подобро да се запознаат со архитектонското промислување на градот.