Одговорните за туризам во Дубаи, речиси секојдневно работат на ширењето на понудата на оваа популарна дестинација, е еден од новитетите е панорамското тркало кое кога ќе биде отворено следниот месец, ќе биде најголемо на светот. На 21-ви октомври, на оваа туристичка локација ќе се отвори панорамското тркало Ain Dubai, високо 250 метри (80 метри повеќе од сегашниот рекордер во Лас Вегас). Конструкцијата на Ain Dubai ќе има 48 затворени кабини од кои некои можат да примат и до 40 луѓе. Секоја кабина ќе биде поголема од два двокатни автобуси. Ќе бидат достапни три видови кабини – едни ќе имаат само набљудувачка улога, други ќе вклучуваат храна и пијалоци, а третиот вид ќе бидат приватни кабини кои можат да се прилагодат за вечери, деловни состаноци и други настани. Фокусот на туризмот беше една од главните стратегии на Обединетите Арапски Емирати, особено на Дубаи. Нестабислноста на пазарот на нафта покажа дека Емиратите мора да ги зајакнат и другите сектори. Отворањето на најголемото панорамско тркало е само продолжение на активностите кон зајакнување на т.н авантуристички и луксузен туризам.