Насловна / Вести / Во Охрид започнува Летната школа за архитектура и дизајн

Во Охрид започнува Летната школа за архитектура и дизајн

1397006_272322259611746_1305097593_o

Охрид од денеска е домаќин на врвни светски експерти од областа на архитектурата, учесници на Меѓународната летна школа за архитектура и дизајн што во рамки на фестивалот „Охридско лето“ вторпат се организира од страна на Американ Колеџ Скопје – Факултет за архитектура и дизајн.

Архитектите, уметниците, експертите по дизајн, учесниците на манифестацијата, меѓу кои познатите гости од Јапонија, Јошихару Цукамото и Момојо Каиџима, основачите на едно од најиновативните архитектонски бироа во светски рамки, наредните седум дена ќе дебатираат на повеќе теми од областа на архитектурата и визуелното просторно изразување, низ кои ќе провејува метаболизмот, неговото преобмислување.

Метаболизмот е длабоко вкоренет не само во јапонската туку и во македонската архитектура, пред се преку Кензо Танге и неговиот труд за обновата на Скопје по земјотресот од 1963 година.

Низ годините и градот Охрид се развивал според свои „метаболистички“ принципи. Идејата на летната работилница е да се истражат токму тие принципи и да се откријат начините за нивно акцентирање, подобрување или менување во интерес на самите граѓаните и гостите што престојуваат во Охрид.

Испрати коментар

Scroll To Top