Од 26-ти до 30-ти јули во хотелот Метропол во Охрид се одржува манифестацијата Еко лето. На настанот ќе бидат прикажани повеќе едукативни филмови и ќе бидат организирани панел дискусии на еколошки теми, на кои презентери ќе бидат експерти, екологисти и претставници на медиумите.
Организатор на настанот е невладината организација „Еко свест“.