Насловна / Вести / Во Охрид започна летната школа на Енергетската заедница

Во Охрид започна летната школа на Енергетската заедница

Energetska zaednica vo Ohrid

Минатиот викенд во Конгресниот центар во Охрид, започна со работа  втората летна школа на Енергетската Заедница (Energy Community -EnC). Школата ќе трае до втори септември, a  учествуваат 40 најуспешни учесници од 25 различни земји од Југоисточна Европа и од Европската Унија, како и  експерти – предавачи за енергетика и климатски промени. Целта на Летната школа, е поддршка на енергетската транзиција кон нискојаглеродни технологии и интергација на земјите од Југоисточна Европа со зајакнување на учеството на младите во креирање на одржливи развојни политики.

Energetska zaednica letna skola Ohrid1

Летната школа ја организира Секретаријатот на Енергетската заедница во соработка со Вишеградскиот фонд, Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје и Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа – Енергетска ефикасност (ORF-EE), спроведуван од Германската организација Deutsche Gesellschaft fur lnternationale Zusammenarbeit (GIZ) (Германско друштво за интернационална соработка). Првата летна школа на Енергетската Заедница (EnC) се одржа во Албанија во 2016 година.

Energetska zaednica letna skola Ohrid

На самиот почеток од оваа летна школа, на присутните се обратија: д-р Кочо Анѓушев -вицепремиер за економски политики, проф.д-р Димитар Ташковски – декан на ФЕИТ, Дирк Бушле – заменик на директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница, како и Јоаким Гаубе – секторски раководител на Отворениот Регионален Фонд за Југоисточна Европа за енергетска ефикасност на ГИЗ.

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top