Со пари од државното акционерско друштво ЕЛЕМ, во Охрид ќе гради Конгресен центар на исклучително атрактивното северно крајбрежје, кое со децении скапува запуштено. Елитниот конгресен центар ќе ја збогати туристичката понуда на Охрид, а од друга страна урбанизацијата на оваа крајезерска локација ќе му даде нов лик и ќе го заживее овој дел од градот кај населбата Даљан.
Иницијатативата за изградба на Конгресен центар кој ќе се прави на државно земјиште,а е актуелна години наназад, ќе биде еден од најзначајните капитални објекти во градот – изјави Никола Бакрачески, градоначалникот на Охрид.
– Охрид е познат по организација на конгреси, меѓутоа се работи за конгреси, семинари или манифестации од помал обем колку што имаат капацитет постоечките охридски хотели и сали. Но за сериозно организарање на големи конгреси и активности ни треба конгресен центар – смета Бакрачески.