Насловна / Архитектура / Во Офицерскиот дом во Битола се одржа Првата Годишна средба на архитекти и планери

Во Офицерскиот дом во Битола се одржа Првата Годишна средба на архитекти и планери

Во организација на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на 23.12.2022 година во Офицерскиот дом во Битола се одржа Првата Годишна средба на архитекти и планери.

10

На средбата, покрај гостинката од Грција, архитект професор Димитра Фига, архитекти, планери и иженери, почесен гостин беше и градоначалникот на Општина Битола Г-дин Тони Коњановски. Во име на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на присутните им се обрати раководителката на Одделението на архитекти Веселинка Герасимова – Петровска.

02

Во своето обраќање таа истакна дека е чест и задоволство да се посака добредојде на присутнити на Првата Годишна средба на архитекти и планери. Почесниот гостин градоначалникот на Општина Битола Г-дин. Тони Коњановски исто така се обрати кон присутите истакнувајќи дека му е чест и задоволство да биде дел еден ваков настан: Прва годишна средба на архитекти и планери во Битола, токму во време, кога локалната самоуправа, става посебен акцент на урбанистичкото планирање и ја започнува постапката за изработка на нов Генерален урбанистички план за Битола.

7

По отварањето на настанот започна работниот дел кој беше концепиран во два дела. Во првиот – едукативниот дел, гостинката од Грција професорката Димитра Фига од Универзитетот „Аристотел“ од Солун одржа предавање и презентација на дел од незјиното творешто. Стручното предавање беше концепирано како презентација на три различни примери на успешни интерпoлација на нови објекти во градски јадра прогласени за споменички целини. Ова стручно предавања е продолжување на активностите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери за организирање на настани со кои ќе се дефинира-регулира градењето во градски јадра прогласени за споменички целини.

0

01

6

Пред почетокот од вториот дел на средбата на кратко се представија партнерите на настанот: Кнауф Македонија, Алуконигштал Schüco и Дитек Гроуп ДООЕЛ, кои воедно дадоа придонес во организацијата на Првата Годишна средба на архитекти и планери.

12

Во вториот работен дел на средбата, беа презентирани Ценовникот за минималниот надомест на овластените архитекти и овластените инженери во областа на високоградба и Тарифникот за урбанистичко планирање, како и предизвиците за нивно донесување и нивно спроведување. За овој дел од средбата беше изготвен прашалник-анкетен лист за настанот и истиот испратен до членовите на Одделението на архитекти и Одделението на урбанисти планерии.

4

Одговорите на паршалникот беа сумарани, а врз основа на резулатите и одговорите од членството се водеше дискусијата во вториот дел од настанот. Учесниците на настанот активно учествуваа во дискусијата со конкретни прашања, споделување на предлози во врска со документите кои ја регулираат валоризацијата на архитектонската и инженерската професија, истакнувајќи дека членството на КОАИ имаат потреба од почесто организирање на вакви средби во сите региони на републиката.

13

5

Како што беше споменато на отварањето на настанот од страна на представникот на КОАИ, раководителката на Одделението на архитекти Веселинка Герасимова – Петровска, основ за формирање на Комората на овластени архитекти и овластени инженери како самостојна, професионална, непрофитна и независна организација, со својство на правно лице е да ги застапува, усогласува и заштитува интересите на овластените архитекти и овластените инженери. Токму затоа за релизирање на своте цел КОАИ има јасно поставени приоритети, и тоа:

– Афирмирање на архитектонската и инженерската професија

– Подигнување на квалитетот на архитектонските и инженерските услуги во државата

– Размена на позитивни практики во земјата и странство

– Валоризирање на трудот на архитектите и инженерите

– Јакнење на капацитетите на членовите на Комората

– Остварување соработка со сродни организации во земјата и странство

9

Во насока на погоре наведените заложби се реализираше Првата Годишна средба на архитекти и планери, како продолжување на активностите по настанот организиран како стручна дискусија на тема: „Регулирање на градењето во градски јадра прогласени за споменички целини“ што се одржи на 10.12.2021 година исто така во преубавиот објект “Офицерски дом”во Битола.

03

Во рамки на настанот на гостите градоначалникот на Општина Битола Г-дин Тони Коњановски и гостинката од Грција професорката Димитра Фига им беа врачени Благодарници од страна на КОАИ за допринос и учество во Првата Годишна средба на архитекти и планери.

Пригодни Благодарници беа доделени на представиците на Кнауф Македонија, Алуконигштал Schüco и Дитек Гроуп ДООЕЛ за нивната соработа и придонес во организацијата на Првата Годишна средба на архитекти и планери.

1

Дополнително сите членови на КОАИ учесници во Првата Годишна средба на архитекти и планери се здобија со Потврда за учество на стручен собир за континуиран професионален развој (CPD).

Во контекст на предходното за споменување е дека со задоволство се сеќаваме на гостопримливоста и одлично организираните средбите на колегите од Битола на Молика, токму затоа Комората планира и ќе се заложи Годишна средба на архитекти и планери да стане традиционална, а паралелно да организира средби со членовите во сите региони како приоритетна активност следната 2023 година.

11

3

2

 

Испрати коментар

Scroll To Top