Новата грејна сезона граѓаните на Нови Пазар ја започнуваат со поефикасно греење, почист воздух и заштеди, со помош на новоизградената топлана на биомаса во овој град. Досега жителите на Нови Пазар се грееле преку топлана на мазут која е целосно исклучена од употреба, благодарение на проектот за декрбонизација на системите за далечинско греење во Србија, кој се имплементира во 11 градови. Истовремено направена е и реконструкција на главните топловоди, со што значително се намалени загубите во дистрибуцијата на топлинската енергија за греење, односно од 22% на 8%.
Греењето сега воопшто не е извор на емисии на сулфур диоксид, а емисиите на јаглерод диоксид се пониски за 87%. Особено е важно дека се елиминита користењето на фосилно гориво и се воведува јаглеродно неутрално гориво какво што е биомасата. Дополнително, планирано е градот да добие уште една топлана исто така со одржлива технологија. Вредноста нa инвестицијата е 6,5 милиони евра, а проектот е реализиран во соработка со германската KfW банка и со поддршка на Швајцарија.