Во јавноста се појавија информации дека на Менхетен ќе се гради Nordstrom Tower во висина од дури 541 метар.
Порталот YIMBI објави рендери и цртежи на новиот објект на познатите архитекти Adrian Smith и Gordon Gill, автори на многу високи згради, иако проектот се уште не е официјално објавен.
Иако првично се мислело дека се работи за нова кула која треба да доминира со панорамата на Њујорк, сепак во прашање е Nordstrom Tower која со своите 541 метар висина ќе биде највисок станбен објект во светот. Всушност, висината на фасадата ќе биде 450 метри, додека остатокот ќе биде антена.
Од цртежите може да се види дека фасадата ќе биде направена од челик, алуминиум и стакло, со што зградата ќе стане нов ориентир на Менхетен.
Основата на објектот ќе се намалува со висината за да крајот од зградата заврши со антена.
Зградата би требало да биде завршена до април 2018 година.