„Викторија Сикрет“ е бренд кој го знаат дури и оние што немаат никаква врска со модата. Нивната долна облека, но и спектакуларниот годишен шоу со најпознатите модели на светот, редовно предизвикува значителен јавен интерес.
За да нивните ексклузивни производи ги приближат поблиску до повеќе луѓе, челните луѓе на брендот се одлучиле да влезат во проектот за отворање на еден вид музеј.
Музејот сега е отворен за јавноста, а се наоѓа во главната продавница на „Викторија Сикрет“ на Петтата авенија во Њујорк. На посетителите им е претставана ретроспектива од најпознатите нивни парчиња, така што сите заинтересирани сега можат да ги видат одблизу славните комбинации кои ги носеле познатите манекенки Адријана Лима, Џиџи Хадид, Стела Максвел и многу други „ангели“. Покрај тоа, во овој уникатен музеј посетителите ќе бидат во можност да ја видат и листата на сите модели кои некогаш оделе на најпосакуваната писта во светот.