Во Неготино се заменува над 70 години старата водоводна мрежа која беше причина за огромните загуби на водата за пиење во водоводниот систем што на одделни локации достигнуваа до 70 проценти од количините кои доаѓаат од регионалниот водовод „Лукар”.
Како што рече градоначалникот Ванчо Апостолов, по замената на водоводот на четири улици, од денеска почнува поставувањето на новата водоводна мрежа на уште две улици во Неготино, „Ленинова” и „29 Ноември”.