Во недела (28 јуни), со почеток во 9.00 часот пред „Порта Македонија“ ќе се одржи завршниот настан на проектот „Со велосипед на пат низ цел град“, кој АМСМ го иницираше во соработка со ФИА.
Настанот што претставува велосипедско движење за поголема безбедност на велосипедистите во сообраќајот, ќе се одвива по следната дефинира рута:
– „Порта Македонија“ до АМСМ;
– преку ул. М. Т. Гологанов до „Веро Тафталиџе“;
– преку бул. „8 Септември“ до „Ми-Да Моторс“, а потоа преку бул. „Илинден“ до кафе-бар „Штала“ и
– до крајната цел, „Школка“ во Градски парк.
Велосипедското движење ќе заврши на крајната дестинација „Школка“ во Градски Парк, каде покрај музика и забава, ќе се доделат и пет велосипеди во знак на поддршка за развојот на велосипедизамот во градот.