Во недела, 29 ноември, на дел од улицата „Трета македонска бригада“, на потегот од крстосницата со улицата „Васко Карангелевски“ до улицата „Никола Карев“, ќе се воведе привремен сообраќаен режим, во времетраење од 8 до 17 часот, а на коловозот ќе се постави соодветна патна сигнализација.
Режимот е поради изведување прекопи за поставување подземни инсталации.
Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат нa привремено поставениот сообраќаен режим и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.