На социјалната мрежа „Фејсбук“ граѓани се организираат за протест против загадувањето на воздухот пред Владата на РМ. Протестот е предвидено да почне точно напладне. Во објавата пишува: „Британската влада во 2000 ни подарила согорувач за медицински отпад, кој не ги задоволува ЕУ-стандардите и не дава заштита од отровите при согорувањето. Овој согорувач не ги филтрира гасовите и токсините кои предизвикуваат рак и многубројни други нарушувања“.
Во исто време на „Фејсбук“ се споделува и написот кој британскиот Guardian го има објавено пред 16 години токму по повод подарокот за Македонија со наслов “Британија со токсичен подарок за Балканот“ (UK makes toxic gift to the Balkans)