Архитектонската изложба „Жените архитекти во постземјотресната обнова на Скопје“ поставена во Музеј на Република Северна Македонија ги поканува сите заинтересирани граѓани кои сакаат да дознаат повеќе за содржината и важноста на изложената содржина и проектот да се пријават за учество во едукативна прошетка.
Едукативните прошетки ќе се одржат од 11:00 до 12:30 часот, две недели по ред, првата на 27. февруари, а втората а 6. март, 2022 година.
Бројот на учесници во прошетката е ограничен на 20 лица, а за учество потребно е да се пополни пријава која до која може да се пристапи преку следните линкови:
Пријава за учество на едукативна прошетка во недела, 27. февруари 2022 година:
https://forms.gle/qebgm2NZcCneSDsn7
Пријава за учество на едукативна прошетка во недела, 6. март 2022 година:
https://forms.gle/Wi6wE5PXZcJD3rfk7
Прошетката ќе биде предводена од Бојана Јанева која преку своето долгогодишно искуство како историчарка на уметноста се вложува кон промовирање и доближување на културата до сите граѓани кои сакаат да искусат еден поинаков поглед кон градот Скопје и неговите содржини.
За учество во прошетката не се наплаќа – учеството е бесплатно.
Проектот е финансиран од Амбасадата на Швајцарија во Северна Македонија.