Архитектонско-дизајнерското студио Sam Jacob Studio конечно го ревитализира просторот на галеријата DKUK.
Се работи за најмалата галерија во Лондон чиј сопственик е уметникот и фризер Даниел Кели, кој во галеријата нуди двојно искуство – изложбено, но исто така и услуги за стилизирање на коси. Па така, наместо да се гледате во огледало додека Даниел Кели ви ја средува косата или обликот на фризурата, можете да гледате уметнички дела од неговата последната серија Make It Real, со која тој го оплеменил овој тотално кул простор, кој инаку има само 10 квадратни метри.
Ентериерот е сместен во многу атрактивен и комерцијален стил, а со просторот доминира жолтата боја во комбинација со бела, која исто така го прави просторот попростран.