На 25ти септември (вторник), во Музеј на современата уметност во Скопје ќе се одржи настанот СКОПЈЕ СВЕТСКИ ГРАД.
Програмата на настанот вклучува предавање на професор и архитект Луис Вивес од Барселона и на домашни гости кои ќе говорат на темата одржлив развој на градовите од свое лично искуство. По предавањата, ќе следува дискусија со предавачите на темата.
Живеејќи во Скопје 55 години по земјотресот во 1963, градот се развива неодржливо, соочувајќи се со сериозни проблеми: презаситеност, масовна централизација, непланирано и неконтролирано градење, екстремно загадување на воздухот и животната средина и несоодветна културна понуда и програма на градот.
СКОПЈЕ СВЕТСКИ ГРАД е повик за акцентирање на околината во која се наоѓа архитектонската зграда и нејзиното влијание врз урбаната средина, зеленилото, пешачките и велосипедските патеки, просторите за детска игра, прошетките за повозрасните, погледите на луѓето и слично.
Oрганизатор на настанот Настанот е МЕЛЕЕМ, a поддржан е и од Град Скопје.