Насловна / Вести / Во Москва, проѕирен стан за пар архитекти

Во Москва, проѕирен стан за пар архитекти

Владимир Белоусов и Наталија Трофимова го проектираче ентериерот на својот дом, користејќи светли тонови и проѕирни површини како позадина за уметнички и дизајнерски парчиња.

3_resize

Станот во сопственост на архитектите Владимир Белоусов и Наталија Трофимова се наоѓа во Москва, во историска зграда од 20. век. Ова е првиот проект на кој тие двајца работеле заедно: стан наменет за нивното семејство и во исто време и работен простор.

16_resize

Станот од 130 квадратни метри се состои од соби и простори паметно добиени со уривање на дел од постоечките ѕидови. Ентериерот сега се карактеризира со осветленост, светли тонови и проѕирни површини. Со желба за стан во кој природната светлина игра водечка улога, архитектите креирале надсветла кои овозможуваат светлината да влезе во ходникот и бањите.

12_resize

10_resize

Централното место на домот е трпезаријата – дефиниран со маса со столчиња кои му припаѓаат на семејството или се купени на пазари за стари работи – што може да се користи како студио или како место за одмор.

01_resize

6_resize

Во ентериерите има светли места заградени со стаклени панели, како што е кујната, која е одвоена и поврзана со останатите простори, има и отворени места, како што е дневниот боравок со полици за книги и домашно кино лоциран веднаш зад влезот.

8_resize

9_resize

Собите содржат платна и цртежи од личната уметничка колекција на архитектите (вклучувајќи ги и делата на познатиот руски сликар Сергеј Жаворонков) и поставени се со помош на систем на шини, што овозможува делата лесно да се заменат. Станот открива дизајнерски парчиња – од подната светилка од Flos до фотелјата Vitra во дневната соба – заедно со vintage мебелот.

7_resize

2_resize

4_resize

5_resize

18_resize

17_resize

11_resize

14_resize

Испрати коментар

Scroll To Top