Насловна / Вести / Во Москва ќе градат објекти врз подземни скривници

Во Москва ќе градат објекти врз подземни скривници

Skrivnica
Напуштените подземни скривници ќе се користат за изградба на надземни објекти, во тие рамки и станбени згради. Ова го соопшти заменик директорот на Научно-инженерскиот центар за искористување на подземното пространство „Мосинжпроект“, Игор Харченко. Освен тоа во наредните пет години во престолнината ќе се изградат 3,5 милиони квадратни метри подземна недвижност. Поточно, под земја на територијата на Москва ќе се појават паркинзи, услужни фирми и трговско забавни комплекси.

Skrivnica3
Според Харченко, сега се разработуваат иновативни проекти за изградба на недвижности во Москва. Меѓу нив, користење на објектите за граѓанска одбрана, кои не се експлоатираат, при изградбата на надземни градби. Па така, тунелите за криење од бомби, разместени под земја ќе станат основа за идните згради. Нивното користење во изградбата е поефективно, отколку нивното уривање.

Второ, според Харченко, мегаполисот, како што е Москва, во сегашно време не може да се гради само во височина и широчина. Затоа неизбежно е подземното градежништво. Како резултат од тоа до 2020 година во Москва ќе треба да се дадат во употреба не помалку од 3,5 милиони квадратни метри недвижност под земја. Исто така се разработува можноста за градење на подземни пречистителни објекти.

skrivnica-modernizirana
Подземното градење, според податоците на Харченко, ќе го зголеми квалитетот на инфраструктурата во градот и може да биде своевидна резерва. Како што тврдат експерти, под земја можат да се разместат не само малопродажни објекти, но и киносали, музеи, хотели. Додека, отворањето на офиси во вакви случаи тие го сметаат неефективно.

Испрати коментар

Scroll To Top