Насловна / Архитектура / Во Москва ги прогласија најдобрите објекти за 2017

Во Москва ги прогласија најдобрите објекти за 2017

Во Москва се прогласени победниците на конкурсот „Најдобар реализиран проект во областа на градежништвото”. Финалистите беа избрани со гласање на градската конкурсна комисија и проектот “Активен граѓанин”.
Во конкурсот учествуваа 92 објекта реализирани во 2017 година во главниот град на Русија.

Најдобар хотел

хајат

„Hyatt Regency Москва Петровский Парк “ се наоѓа на Ленинградски проспект. Хотел премиум класа, вклучува 298 соби

Најдобар бизнис центар

бизнис

„Башня Федерация“ или Кула на Федерацијата на насипот „Пресненской“ во центарот на главниот град. Висината на облакодерот е 374 м, а површината 443 илјади квадратни метри.

Најдобар објект од култура

култура

Дом на Русите во странство „Александар Солжењицин“. Четирикатната зграда е покриена со панели-камелеони, кои треперат на сонце во различни бои.

Најдобар спортски објект

лужники

Голема спортска арена “Лужњики”. Стадионот беше реконструиран за Светското првенство во фудбал 2018

Најдобар образовен објект

образование
Гимназија „Хорошевская“.Објект со површина од 21 илјада квадратни метри. Содржи простории како простори како голема лабораторија, неколку спортски сали, две нивоа библиотека и кабинет за кулинарски вештини.

Најдобар реализиран проект за реставрација

рекострук

Историската градба на Државниот академски Мал театар на Русија во центарот на главниот град. Покрај реставрацијата на старите простории, во театарот е изградена и нова сала во која ќе се одржуваат изложби и концерти.

Најдобар здравствен објект

болница

Новата зграда на детската болница Морозовска во шумата Добринински во центарот на Москва. Седумкатна зграда со 500 кревета за болни.

Проект на годината

парк

Природно-пејзажниот парк “Заряде” веднаш до Кремљ. Паркот вклучува неколку климатски зони: шуми, мочуришта, степи и тундра.

Испрати коментар

Scroll To Top