Насловна / Арт и дизајн / Во Московскиот Кремљ ремек дела на рускиот емајл

Во Московскиот Кремљ ремек дела на рускиот емајл

Во Московскиот Кремљ (9. октомври –  10. јануари 2021) во тек е изложба на која се претставени околу четиристотини дела од благороден метал со емајл изработени од руски фирми за накит од крајот на 19. и почетокот на 20 век кои се дел од јавни и приватни колекции во Русија и Велика Британија.

На крајот на 19. и почетокот на 20. век, руските благородници обожавале шарени предмети направени со емајл техника.

Јадрото на изложбата се бројните производи на познатиот московски „емајлист“ Фјодор Рјукерт (1851–1918) и светски познатата дворска фирма предводена од Карл Фаберже (1846–1920), претежно од нејзината московска филијала, позната по своите дела во стилот на националниот романтизам. Како и на компаниите на Павел Овчинков, Иван Хлебњиков и други.

На крајот на 19. век, во кругот на царското семејство и богатото благородништво мошне популарни биле скапоцени предмети со цветни елементи со фина изработка и шарени бајковити мотиви.

Предметите покрај тоа што биле изработувани од благородни метали и обоени скапоцени камења, популарни биле и декоративни шари на метал направени со емајл техника. Руските јувелири го усовршиле овој занает користејќи комплицирани техники на емајл (клаузон, шамплев, луминисцентна техника). Понекогаш сите три техники се применувале на ист производ.

2_resize

Велигденско јајце со модел на сибирски воз

Русија, Санкт Петербург, 1900. Фирма К. Фаберже. Занаетчија Михаил Перхин.

Поклон на царот Николај II и царицата Александра Фјодоровна за Велигден 1900 г.

 3_resize

Чаша и чинија

Русија, Москва, околу 1900 година. Фирма на П.Овчинков

4_resize

Сад со рачка

Русија, Москва, 1899-1908 Фирма на К. Фаберже. Мајстор Ф. Рјукерт

5_resize

 Ова велигденско јајце, царот Николај Втори и го подарил на својата сопруга, царицата Александра Фјодоровна, на Велигден 1906 година. Фирма К. Фаберже.

6_resize

 Кутија за цигари

Русија, Москва, 1875 година Фирмата на И.Хлебњиков

 7_resize

Светилка

Русија, Москва, 1890-ти. Фирмата на П.Овчиников

 8_resize

Ковчеже

Ова е редок случај кога се прикажува битка, (многу почесто се прикажуваат сцени од бајка или секојдневие). Сликар од Василиј Верешчагин „Пред нападот. Кај Плевен “прикажува сцена од руско-турската војна (1877-1878). Фирма К. Фаберже.

 9_resize

Соларник

Приватна колекција. Фирма М. Ломбарда

 1_resize

Шолја.

Приватна колекција. Фирма И. Сазиков

 10_resize

Сад

Приватна колекција. Фирма К. Фаберже

 11_resize

Ковчег

Русија, Москва, 1881. Фирмата П.Овчиников

 12_resize

Чаша за вино

Русија, Москва, 1899-1908 Мајстор Фјодор Рјукерт

 13_resize

Чаша за вино

Русија, Москва, 1899-1908. Фирма К. Фаберже

14_resize

Лажичка за дезерт

Приватна колекција. Фирма К. Фаберже

Испрати коментар

Scroll To Top