Градот Мека ќе стане дом на најголемиот хотел во светот, кој треба да биде изграден наредната година. Зградата која го носи името “Abraj Kudai” ќе има 10.000 соби и ќе се простира на површина од 1,4 милиони метри квадратни.
Покрај тоа, во хотелот ќе има и 70 ресторани, голем трговски центар, раскошна балска сала и пет хелиодроми на самиот покрив. Пет ката ќе бидат однапред резервирани единствено за членовите на саудиското кралско семејство.
Изградбата на хотелот ќе чини повеќе од три милијарди евра, кои ги обезбедува Министерството за финансии на Саудиска Арабија. На дизајнот на хотелот работи компанијата “Dar Al-Handasah”, а треба да наликува на традиционален пустински дворец.