Во март се издадени 384 одобренија за градење што е за 95,9 проценти повеќе во однос на истиот месец минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија, предвидената вредност на објектите изнесува 6.995.016 илјади денари што е за 139,1 отсто повеќе во споредба со март лани.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 232 се наменети за објекти од високоградба, 63 за објекти од нискоградба и 89 за објекти за реконструкција.
На 245 објекти како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 139 инвеститори се деловни субјекти.
Во овој период е предвидена изградба на 929 станови со вкупна корисна површина од 75.886 метри квадратни.