Во словенечки Марибор, во тек е изградбата на нова сортирница за мешан комунален отпад, во која претпријатието „Snaga“ ќе вложи вкупно 12,5 милиони евра. Станува збор за еден од најсовремените центри за сортирање на мешовит комунален отпад во Европа, а постројката ќе биде изградена во согласност со најновите европски прописи кои ја регулираат оваа област, така што непријатните мириси и прашината нема да се шират во околината, а ќе биде превенирано и излевање на отпадните води. Главен изведувач на работите е компанијата Kostak од Кршко.
Од мешовитиот комунален отпад ќе се издвојуваат корисните материјали, кои ќе се рециклираат и ќе се користат како секундарни суровини. Работата е целосно автоматизирана, а персоналот само ќе врши контрола и управување со операциите. Објектот се простира на 4.500 квадратни метри, и ќе има капаците за обработка на 25 тони отпад за еден час, односно околу 40.000 тони годишно при работа во една смена. Пробната работа се очекува на средината на 2018.