Насловна / Вести / Во МАНУ се одржа работилница за ублажување на климатските промени

Во МАНУ се одржа работилница за ублажување на климатските промени

Вчера во просториите на МАНУ се одржа работилница за презентација на резултатите од анализите поврзани со ублажувањето на климатските промени во Македонија, во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање. Анализите се подготвени во рамките на проектот „Втор двогодишен извештај за климатски промени“ кој е поддржан од УНДП и ГЕФ. IMG_20170921_121818

На работилницата се дискутираа 46 утврдени мерки за ублажување на климатските промени, од кои најголем дел (35) се од секторот енергетика. Проф. д-р Невен Дуиќ од Универзитетот во Загреб укажа на неопходноста за имплементација на соодветни механизми за мониторирање, известување и верификација на резултатите, додека Бојана Станојевска Печуровска од Центар за климатски промени Скопје, ги презентираше финансиските и техничките потреби како и потребите во однос на зајакнување на капацитетите од оваа област. Модератор на настанот беше Павлина Здравева од УНДП.

IMG_20170921_105939

 

Испрати коментар

Scroll To Top