Насловна / Арт и дизајн / Во Мала станица патувачка изложба – „Еволуција: маските од теснецот Торес“

Во Мала станица патувачка изложба – „Еволуција: маските од теснецот Торес“

Во Мала станица ќе се одржи меѓународната патувачка изложба создадена од страна на Културниот центар Габ Титуи од Австралија, во соработка со Министерството за надворешни работи и трговија на Австралија, Националниот музеј на Австралија и Амбасадата на Австралија во Белград насловена „Еволуција: маските од теснецот Торес“. Станува збор за документаристичка изложба на фотографии и описи.

1 Eddie Nona, Badhu (Badu Island), Kala Lagaw Ya language group_resize

Изложбата ќе се отвори на 8.6.2022, среда, во 18.00 часот, во објектот Мала станица.

Теснецот Торес (Zenadh Kes) е група острови кои се лоцирани помеѓу северна Австралија и Папуа Нова Гвинеја. Жителите на таа област одржуваат жива, уметничка, духовна и културна традиција. Една од спецификите на традицијата на околината е носење убави украсни маски. Иако доаѓаат од старите традиции и духовности, правењето маски денес претставува начин на заживување на таа уметност и култура. Маските од теснецот Торес се исклучителни предмети од ритуално и историско значење. Носењето маска и ритуалите поврзани со неа го менуваат идентитетот на личноста што ја носи маската и отвораат канали за комуникација со нивните претци. Во 19 век, европските мисионери и истражувачи собирале маски од овие области. Денес тие се дел од историски збирки. Многу од овие маски се исклучителни по нивната сложеност и деталите што ги поседуваат. Изработката на овие маски вклучува низа вештини од технички, преку познавање на материјали до алатки. Оваа изложба ја истражува богатата и непречена практика на правење маски во Зенад Кес.

2 Kapua Gutchen Senior, Erub (Darnley Island), Meriam Mir language group_resize

Самиот теснец Торес и договорот околу него се сметаат за едно од најкреативните решенија за прашањата на границите во меѓународното право. Договорот ја регулира границата меѓу Австралија и Папуа Нова Гвинеја и дава рамка за регулирање на граничната област. Обезбедува и заштита на начинот на живот на жителите на Папуа Нова Гвинеја и теснецот Торес.

Изложбата ќе биде поставена до 22 јуни 2022 година.

pokana_resize

Испрати коментар

Scroll To Top