Во мај во Нова Градишка, Хрватска, компанијата „Климаопрема“ ќе ја отвори првата т.н паметна фабрика во Хрватска, со напреден систем на автоматизација и управување. За жал во регионот нема многу вакви примери. Иако враќањето на ваквите инвестиции е со исклучително краток рок, најчесто менаџментот на компаниите не е доволно информиран за придобивките од вложувањето во новите технологии. Според експетрите од оваа област, вложувањето во подобрувањето на автоматизацијата се враќа за само шест месеци, и истакнуваат дека тоа е решение за голем број на проблеми како што се високите цени на работната рака, иселувањето на работниците, неможност за гарантирање на квалитетот, ниската продуктивност и друго.