Насловна / Вести / Во мај се очекува нов рекорд на емисии на јаглерод диоксид

Во мај се очекува нов рекорд на емисии на јаглерод диоксид

CO2 vo oblak

Концентрацијата на јаглерод диоксид во атмосферата во глобални рамки лани имаше изненадувачки раст, а таа тенденција продолжи и од почетокот на годинава, поради што се очекува во текот на мај да биде достигнато рекодно ниво на загаденост, соопшти Британската метеоролошка агенција (Мет Офис).

Според Мет Офис, во мај се очекува концентрацијата на јаглерод диоксид во земјината атмосфера да достигне 410 честички на милион (ППМ), со што ќе биде надминат досегашниот неславен рекорд од истиот месец лани, кога таа изнесуваше 407,7 ППМ.

Експертите проценуваат дека растот на концентрацијата на јаглерод диоксид во атмосферата во глобални рамки се должи на зголеменото користење на фосилни горива и на уништувањето на шумите.

CO2 keeling

Сепак, дел од тој вишок на јаглерод диоксид го впиваат растенијата и океаните, па измераната концентрација всушност е за 50 проценти помала од вистинската емисија на овој штетен гас, наведуваат експертите.

Мината година беше прва откако се вршат овие мерења, во кои концентрацијата на јаглерод диоксид ја надмина психолошката бариера од 400 ППМ, достигнувајќи просечни 404,2 ППМ.

Годинава се предвидува просечната годишна концентрација на јаглерод диоксид да се зголеми за околу 2,5 ППМ во однос на лани, и да изнесува 406,7 ППМ.

Испрати коментар

Scroll To Top