Една кинеска компанија кон крајот на годинава започнува со изведбени работи на нов облакодер со луксузни станови во Лондон.
Проблем е што жителите на Лондон сакаат да им даваат прекари на зградите, па овој прекар сигурно ќе биде „безобразен“.
Компанијата веќе објави фотографии од кулата и заклучокот на многумина е дека личи на огромен фалус, особено гледана од горе.
Бидејќи е лоцирана во близина на аеродромот, извесно е дека и на патниците во авионите ќе им западне во око.
Инвестицијата вреди 800 милиони фунти, а опфаќа изградба на точно 765 луксузни станови.