Швајцарското архитектонско биро Herzog & de Meuron ќе се претстави со изложба на Кралската академија на уметности од 14. јули до 15. октомври 2023 година во Лондон, со што ќе ја одбележи првата изложба на бирото во Лондон по речиси дваесет години.
Филхармонија Хамбург
Основано во Базел во 1978. година од Jacquesa Herzoga и Pierrea de Meurona, оваа биро ги обликуваше градовите ширум светот преку преобмислување на природата на архитектурата. Оваа изложба, припремана во тесна соработка со архитектите, ќе им овозможи на посетителите увид во размислувањата и пристапите применети на нивните проекти.
Со низа прикажани работни методи, материјали и технологии, ова е можност да се доживее архитектурата на H&dM и контекстите што ја опкружуваат.
М+, Хонг Конг
Нивните значајни проекти вклучуваат музеи, болници, стадиони и приватни и јавни згради, вклучувајќи ги Tate Modern, Лондон (2000 и 2016 година), Laban Dance Centre, Лондон (2003), Националниот стадион Пекинг (Птичје гнездо) (2008), Филхармонија Хамбург (2016), REHAB Базел (2002 и 2020), М+, Хонг Конг (2021), Royal College of Art, Лондон (2022) и Kinderspital Цирих (ќе биде завршен во 2024 година).
Националниот стадион Пекинг
Изложбата ќе биде распоредена во низа од три простори кои заедно ги истражуваат идеите и процесите во создавање и доживување архитектура. Првата просторија ќе донесе дел од H&dM’s Kabinett, отворен простор за складирање и истражување, од Базел до Лондон.
На високи дрвени полици ќе бидат прикажани околу 400 предмети, вклучително и низа макети, материјали, принтови, фотографии и филмски клипови, кои претставуваат разновидна, но сепак специфична палета на проекти. Покрај ова ќе има и шест големи фотографски дела од избрани проекти на уметникот Thomas Ruff, што го илустрира интересот на H&dM за перцепцијата на архитектурата и нивната долгогодишна соработка со уметниците. Преку проширена реалност (AR), посетителите ќе можат подлабоко да проникнат во проекти кои ќе бидат оживеани на изложбата преку дигитални 3Д модели и анимации.
Laban Dance Centre, Лондон
Втората просторија ќе биде филмски простор. На голем екран ќе го прикаже новиот филм на реномираните филмаџии Bêka & Lemoine, кој го прикажува секојдневниот живот во проектот на H&dM – REHAB Клиника за неурорехабилитација и параплегиологија во Базел. Од другата страна на платното ќе има филмска инсталација заснована на набљудувањата на луѓето кои ги истражуваат H&dM проектите.
Последната просторија ќе биде посветена на архитектурата на објекти наменети за здравствена заштита и ќе се фокусира на проект кој моментално е во изградба, Kinderspital Цирих, Швајцарија.
Kinderspital, Цирих
Проектот победи на меѓународен конкурс во 2012 година, кој беше расшишан со цел да се добие проект за нов објект со пионерска архитектура на болници.
Екранот ќе им даде на посетителите увид во работниот процес и прашањата што H&dM си ги поставуваат кога работат на проект на објект за лекување. Ќе биде поставена макета на ентериер во размер 1:1 на дел од болничка соба за пациенти, што ќе го илустрира хуманизирањето на болничките соби што го прават H&dM. Посетителите ќе можат да ја истражуваат просторијата во вистинска димензија користејќи AR.
Изложбата е организирана од Кралската академија на уметностите, Лондон, во соработка со Herzog & de Meuron и ќе биде проследена со илустрирана публикација.