Водени од желбата токму во нивната земја да се изгради следната фабика на компанијата „Тесла“, Литванците направиле виртуелна верзија за еден ваков објект во видео играта „Мајнкрафт“. Идејниот творец на проектот Владас Лашас, открива дека со овој потег сакаат да му пренесат порака на менаџерот на „Тесла“ Илон Маск дека Литванија има многу вешти луѓе но и совршена локација за фабрика.
Виртуелната фабрика ја работел тим од 60 луѓе во времетраење од два дена во местото Круонис во централниот дел на Литванија, во близина на хидроцентрала и два аеродроми.
Компанијата „Тесла“ не соопштува каде ќе ја изгради својата следна фабрика, но се проценува дека ќе чини околу пет милијарди евра. Откако дознале за овој проект на Литванците, компанијата „Тесла“ на својот твитер профил објавила „Литванија го знае патот до нашето срце“.
Извор: Clean Technica