Се ближи 2023 година и градовите се облечени во новогодишно руво. Но на северот на Либан се појави една невообичаена новогодишна елка.
Во духот на развивање на еколошката свест и рециклирање, 18 метри висока елка направена од пластични шишиња поставена е покрај езерото Бначи, во областа Згарта во Либан.
За елката чија основа е со дијаметар од десет метри употребени се 108 илјади пластични шишиња.