Компанија од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) ги објави своите планови за изградба на нов град во облик на цвет, посебно проектиран за да го редуцира пристапот на автомобилите и да ги зголеми површините исклучиво достапни за пешаци. Градот наречен XZERO, а би требало да се изгради во Кувајт како одржлива заедница со нула емисии. Градот е планиран за популација од 100.000 жители и во рамнотежа со природата. Средишното подрачје на таа зелена метропола е опкружено со низа „јазли“, од кои секое е наменето за образовни, забавни и медицизнски установи, според идејата на проектантите на компанијата URB со седиште во ОАЕ.
Проектантите велат дека градот ќе обезбеди прехрамбена и енергетска сигурност додека истовремено ќе ја промовира циркуларната економија. Повеќе од 65% од површината од 16 квадратни километри се отворени простори. XZERO е проектиран и оптимиран да стане град со низа добро засенчени пешачки мрежи. Тие мрежи се поврзани со други начини на одржлив превоз, како велосипедизам и електрични мали возила. Самата физичка ориентација на градот е внимателно избрана со цел намалена потреба од енергија со истовремено оптимално струење на ветерот.
Проектот ќе отвори нови работни места во различни подрачја, како медицина, туризам, образование и забава. Сите објекти ќе се напојуваат со 100% обновлива енергија и ќе ја рециклираат водата со помош на паметни водоводни системи. XZERO ќе промовира одржлив туризам преку разни еколошки прифатливи угостителски објекти, вклучувајќи еко одморалиште со 5 ѕвезди и еко колиби.