Насловна / Арт и дизајн / Во Крушево се одбележуваат 120 години од раѓањето на Никола Мартиноски

Во Крушево се одбележуваат 120 години од раѓањето на Никола Мартиноски

Во Крушево се одбележуваат 120 години од раѓањето на една од најважните сликари за развојот на македонската култура во 20 век, Никола Мартиноски, се навршуваат 50 години од неговата смрт и 55 години од отворањето на Галеријата „Никола Мартиноски“.

n

Одбележувањето на овој јубилеј и пиетет кон неговото творештво и придонес кон македонската современа уметност започна со организирање на – Прва дигитална колонија во Крушево, каде осум дизајнери и илустратори изработија креативни решенија. Под менторство на уметникот Зоран Кардула, дизајнерите инспирирани од уметничкиот стил на Мартиноски креираа дела со помош на дигитални алатки.

n1

Нивните дела беа изложени на 15. август во Крушевската чаршија, а на 18 август од 12:30 часот  ќе бидат изложени во Галеријата „Никола Мартиноски“.

n2 n3

Испрати коментар

Scroll To Top