Тимот на Котур Кафе и Филм и архитектите Маргарита Поповска, Маја Доновски Лукаревска и Милка Черепналковска во саботата се одржа втора Архитектонска работилница за деца: куќичка на дрво.
Архитектите подготвија кратка презентација преку која на децата им раскажаа факти за настанокот и идејата зад куќичката на дрво, им ја објаснија конструктивната логика со сите конструктивнии елементи, и преку примери на различни концепти на куќички на дрво понудија инспиративни идеи за изработка на макетите. Потоа, на три вистински гранки од дрвја, архитектите поставија по само една платформа во М=1:25, а децата имаа за задача да ги додадат конструктивните елементи на таа платформа, да ги состават макетите на куќичките и да ги постават на платформата, да ги материјализираат, да изработат скали и дополнителни платформи за совладување на висината и да изработат огради, а потоа со помош на нивната детска фантазија да замислат и да додадат ‘елементи за уживање’: тобогани, лулашки, базени со песок, мрежи, видиковци, телескопи…
Архитектите велат: „И, навистина, куќичката на дрво е повеќе од место и простор. Таа е засолниште на детството. Таа е безбедно место. Таа е бедем на независноста каде светот на возрасните не допира. Таа е сцена и проекција за исклучително возбудливи авантури. Таа е ‘непристапно’ место заробено меѓу небото и дрвјата. Таа е материјализација на соединувањето и помирувањето со природата, тивок свет во постојана игра со ветрот, птиците и верверичките.
А, ние, барем на три часа поседувавме куќичка на дрво!
Се гледаме наскоро на следната работилница!
АДИНГ и КНАУФ Македонија како компании директно поврзани со архитектурата и со високо реноме во делот на општествена одговорност, го препознаа нашиот ентузијазам и уникатна идеја да ја доближиме архитектурата на најмалите, и станаа наши поддржувачи, за што сме многу благодарни“.